logo

Повик за дизајнерски услуги

Share on facebook
Share on twitter

Отворениот повик за дизајнерски услуги е во рамки на „Набљудување за назначувања засновани на заслуги во високата раководна служба на Северна Македонија” – (Monitoring for merit based appointments in senior civil service in North Macedonia) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот октомври 2020 до март 2021.

Опис на проектот

Институт за демократија “Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС) ќе ја набљудува транспарентноста и конкурентноста во назначувањата на високата раководна служба во Северна Македонија и ќе изврши проценка дали тие се засновани на заслуги и се во согласност со принципите наведени во предлог Законот за висока раководна служба.

Делокруг на работа

Ангажманот во рамки на повикот предвидува дизајн на повеќе типови на продукти поврзани со различни резултати од проектот како инфографици, дизајн на публикации и банери за социјални медиуми. Производите ќе бидат изработени во соработка со проектниот тим на ИДСЦС. Целта на графичко визуелните решенија (инфографиците, веб банерите) е креативно претставување на наодите и препораките од проектот за истите да се доближат до крајните корисници, граѓаните.

Производи за испораки

  • 10 (десет) инфографици (Податоците во целост ги обезбедува ИДСЦС, визуелно графичкото решение го подготвува понудувачот);
  • 1 (една) анализа дизајнирана во три јазични верзии (македонски, албански и англиски) со подготовка за печат (Податоците и содржините во целост ги обезбедува ИДСЦС, визуелно графичкото решение го подготвува понудувачот);
  • 2 (две) истражувачки стории дизајнирани во три јазични верзии (македонски, албански и англиски) со подготовка за печат (Податоците и содржините во целост ги обезбедува ИДСЦС, визуелно графичкото решение го подготвува понудувачот);
  • 6 (шест) визуелни решенија за промоција преку социјални мрежи (Информациите во целост ги обезбедува ИДСЦС, визуелно графичкото решение го подготвува понудувачот);

Временска рамка

Испорака на услугите ќе се случува во временската рамка: од 1ви декември 2020 – 10 март 2021; Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе биде тековно договорен меѓу ИДСЦС и понудувачот во зависност од динамиката на креирање на податоците.

Достава на апликација

Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за дизајнерски услуги, шифра 0833, не подоцна од 29ти ноември (недела) (23:59ч.) 2020г. ИДСЦС ќе го извести избраниот кандидат не подоцна од 4ти декември 2020г.

Целиот повик може да го видите тука:

Повик за дизајнерски услуги

Поврзани објави