Отворениот повик за експерт/и за човечки ресурси е во рамки на проектот на „Набљудување за назначувања засновани на заслуги во високата раководна служба на Северна Македонија” – (Monitoring for merit based appointments in senior civil service in North Macedonia) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот октомври 2020 до март 2021.

Опис на проектот

Институт за демократија “Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС) ќе ја набљудува транспарентноста и конкурентноста во назначувањата на високата раководна служба во Северна Македонија и ќе изврши проценка дали тие се засновани на заслуги и се во согласност со принципите наведени во предлог Законот за висока раководна служба.

Делокруг на работа

Вкупен број денови на експертски ангажман: максимум 20.

  1. Изработка на ранг листа на кандидати за раководни позиции во јавни институции базирана на преглед на биографии на кандидатите. Поединечните огласи (по институција) и биографии на кандидатите ќе биде бидат обезбедени од ИДСЦС. Број на различни огласи – до пет.
  2. Изработка на спецификации на работни вештини и стручни компетенции за раководни позиции (директор/ка) на јавни институции одбрани од ИДСЦС. Спецификациите треба да содржат мерливи параметри за транспарентно и конкурентно назначување.
  3. Изработка на евалуација (согласно креираните спецификации од точка II) на веќе назначените кадри на раководна позиција. (податоците ќе бидат обезбедени од ИДСЦС).
  4. Консултантски денови за работа со проектниот тим.
  5. Time-sheet во формат зададен од ИДСЦС за периодот за кој е ангажиран експертот;

Сите активности ќе бидат имплементирани во координација со проектниот тим на ИДСЦС. Работни јазици на овој ангажман се македонски и англиски јазик.

Временска рамка

Консултантските денови ќе бидат распределени во периодот меѓу месеците декември 2020 – 20 февруари 2021, во координација со проектниот тим.

Продукти

  1. Ранг листи на кандидати за раководни позиции во јавни институции базирана на преглед на биографии на кандидатите.
  2. Спецификации на работни вештини и стручни компетенции за раководни позиции (директор/ка) на јавни институции одбрани од ИДСЦС.
  3. Евалуација на веќе назначените кадри на раководна позиција.

 Достава на апликација

Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за експерт за човечки ресурси, шифра 0833, не подоцна од 29ти ноември (недела) (23:59ч.) 2020г. ИДСЦС ќе го извести избраниот кандидат не подоцна од 4ти декември 2020г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само предселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Целиот повик може да го прочитате тука:

Отворен повик за експерт/и за човечки ресурси