logo

Младите и политиката во Северна Mакедонија: Која е перцепцијата за работата на Собранието?

Share on facebook
Share on twitter

Ставовите и перцепциите за работата на политичките институции, вклучувајќи ги и националните собранија, на младите во Северна Македонија, суштински не се разликуваат од перцепциите на нивните врсници од Југоисточна Европа.  Мнозинството од младите од ЈИЕ, го делат мислењето дека се политички исклучени во носењето одлуки и имаат перцепција дека нивните интереси не се доволно застапени од страна на политичарите. Интересот за националната политика варира меѓу младите, но генерално е со слаб интензитет.

Ставовите на младите во Северна Македонија, укажуваат дека тие го перципираат Собранието како битен фактор во политичката сцена на државата и веруваат во значајната улога која оваа институција ја има, но сепак се сомневаат во неговата политичка независност при носењето одлуки. Дополнително младите во државата, во линија со нивните сограѓани од повозрасните возрасни групи, имаат ниска доверба во Собранието, и целосно се исклучени од неговата работа, пред се поради немањето на информации околу механизмите за нивно вклучување. Ваквата перцепција кај младите, генерира бариера за нивно проактивно вклучување во работата на Собранието, ги отуѓува од нивните избрани претставници и  ги обесхрабрува во преземање акции за застапување на нивите гледишта и ставови во законодавниот дом.

Од тие причини, потребни се дополнителни заложби од страна на Собранието за подобрување на перцепцијата и положбата на младите. Еден од начините е со зајакнувањето на надзорната улога на Собранието над Владата, преку поактивно и регуларно користење на механизмите за надзор. На овој начин ќе се допринесе кон зголемувањето на довербата кај младите за политичката независност на Собранието.

Потребно е и поголема отвореност на Собранието за информирање и вклучување на младите во својата работа. Високиот степен на неинформираност меѓу младите е сериозна пречка која може да се надмине преку имплементирање на различни програми за вклучување на младите во работата на Собранието.

Собранието, исто така, треба суштински да ги стави младите во својот фокус на работа. На овој начин, преку земањето во предвид на потребите на младите, и разгледување на решенијата од агол на тоа како тие ќе влијаат врз младите во државата, ќе резултира со подобрување на положбата на младите и подобрување на нивната перцепција и доверба во работата на Собранието.

Целата анализа на македонски јазик можете да ја прочитате тука:

Младите и политиката во Северна Mакедонија: Која е перцепцијата за работата на Собранието?

Целата анализа на албански јазик можете да ја прочитате тука:

Tё rinjtё dhe politika nё Maqedoninё e Veriut: Cili ёshё perceptimi mbi punёn e Kuvendit?

Целата анализа на англиски јазик можете да ја прочитате тука:

Young people and politics in North Macedonia: How is the work of the Assembly perceived?

Поврзани објави