Отворениот повик за дизајнерски услуги е во рамки на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија” (Improved capacity for crisis response in municipalities in North Macedonia) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС).

Опис на проектот

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје ќе им помага на општините во Северна Македонија во развојот на стратегии и планови за превенција и управување со кризи.

Преку проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија“ (Improved capacity for crisis response in municipalities in North Macedonia) ќе се анализира правната и институционалната поставеност на системот за управување со кризи, улогата на општините која ја предвидува, и ќе се идентификуваат системските празнини и предизвици кои пандемијата на Ковид-19 ги изнесе на површината.

Целта на проектот е да се зајакне стратешкото управување со кризи во неколку избрани општини, и да се прикаже на процесот на развој на стратегии за подготвеност и управување со кризи на остатокот од општините во државата.

Делокруг на работа

Ангажманот во рамки на повикот предвидува дизајн на повеќе типови на продукти поврзани со различни резултати од проектот, како инфографици, дизајн на публикации и визуелни решенија за социјални медиуми. Производите ќе бидат изработени во соработка со проектниот тим на ИДСЦС. Целта на графичко-визуелните решенија е креативно претставување на наодите и препораките од проектот за истите да се доближат до крајните корисници – граѓаните.

 Испораки

 Дизајнирани: 19 (деветнаесет) инфографици, визуелни решенија за промоција преку социјални мрежи (вкупниот број ќе се утврди заедно со проектниот тим); 1 (една) анализа, 1 (една) студија, 8 (осум) стратешки планови, 1 (еден) мониторинг извештај, 2 (два) прирачници во две/три јазични верзии.

Временска рамка

Испорака на услугите ќе се случува во временската рамка: ноември 2020 –  март 2022; Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе биде тековно договорени меѓу ИДСЦС и понудувачот.

Потребни документи:

За правни лица:

  1. Тековна состојба од Централен регистар на Р. Македонија;
  2. Референтна листа на претходни слични ангажмани;
  3. Портфолио;
  4. Понуда и финансиски предлог.

Забелешка:

Уплатата за спроведените услуги ќе се изврши по фактура изземена од ДДВ.

За физички лица:

  1. Референтна листа на претходни слични ангажмани;
  2. CV (професионално резиме)
  3. Портфолио;
  4. Понуда и финансиски предлог.

Забелешка:

Понудата треба да вклучува пресметан персонален данок.

Достава на апликација

Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за дизајнерски услуги, шифра 0832 не подоцна од 20.11.2020 (петок, 23:59ч.)

ИДСЦС ќе ги контактира само понудувачите кои ја поминале фазата на предселекција.

 

Целиот повик може да го погледнете тука:

Отворен повик за дизајнерски услуги