Отворениот повик за правен експерт е во рамки на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија” (Improved capacity for crisis response in municipalities in North Macedonia) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство, а имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС).

Опис на проектот

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје ќе им помага на општините во Северна Македонија во развојот на стратегии и планови за превенција и управување со кризи.

Целта на проектот е да се зајакне стратешкото управување со кризи во неколку избрани општини, и да се прикаже на процесот на развој на стратегии за подготвеност и управување со кризи на остатокот од општините во државата.

Делокруг на работа

  • Анализа на законите и подзаконските акти, промените и правните недоречености со кои се регулира системот за управување со кризи;
  • Практични импликации на правната поставеност;
  • Анализа на правната поставеност на општините во системот на управување со кризи;
  • Преглед на меѓународни практики;
  • Препораки за подобрување;
  • Тековно правно советување на проектниот тим (3 до 5 консултациски денови од ангажманот).

Вкупниот период на експертски ангажман изнесува 15 денови од кои што експертот е должен да одвои минимум 5 дена за консултации со проектниот тим.

Сите активности ќе бидат имплементирани во координација со проектниот тим на ИДСЦС. Работни јазици на овој ангажман се македонски и англиски јазик.

Испораки:

  • Правна анализа (15 до 20 страници) произлезена од активностите во делокругот на работа од точките 2.I до V).
  • Eвиденција на работниот ангажман во формат зададен од ИДСЦС за периодот за кој е ангажиран експертот;

Временска рамка

Консултантските денови ќе бидат распределени во периодот меѓу месеците ноември 2020 и февруари 2021 година, во координација со проектниот тим.

Надомест

За извршените услуги на експертот ќе му биде надоместен вкупен бруто износ од 2700 (две илјади и седум стотини) фунти во денарска противвредност.

Достава на апликација

Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за правен експерт шифра 0832, не подоцна од 1ви декември (вторник, 23:59ч.) 2020 година. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само предселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Целиот повик може да го погледнете тука:

Отворен повик за правен експерт