Во рамките на проектот „Антикорупциска едукација за ученици од средно образование“, Институт за демократија подготви два прирачници за наставници и ученици во средните училишта, наменети за ефикасно предавање и изучување на антикорупциски содржини.

 

Прирачник за ученици

Прирачникот за ученици опфаќа теми поврзани со борбата против корупција, со цел учениците да се запознаат со корупција како поим и да можат да ја препознаат. Прирачникот нуди дефиниција за корупција, нејзините типови и видови, како и ефектите и последиците кои се јавуваат од оваа појава. Преку практични примери, прирачникот се осврнува на тоа како учениците да ја препознаат корупцијата во разните сфери на општествено живеење и ги објаснува начините и алатките за спречување и борба против корупција.

Прирачникот за ученици е достапен на следниот линк:

Прирачник за работа на час наменет за ученици во средно образование за изучување на темата „Борба против корупција“

 

Прирачник за наставници

Прирачникот за наставници содржи детални упатства и препораки како да се пренесат предложените содржини за изучување на антикорупциските теми, опфатени во Прирачникот за ученици.  Со помош на прирачникот, на професорите им се овозможува полесно организирање на часовите на кои треба да бидат пренесени антикорупциските содржини.

Прирачникот за наставници е достапен на следниот линк:

Прирачник за наставници за изучување на тема „Борба против корупција“ во средно образование

 

Проектот „Антикорупциска едукација за ученици од средно образование“ е имплементиран од Институт за демократија заедно со Државната комисија за спречување корупција, со финансиска поддршка од  Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Проектот цели кон подигнување на свеста кај младите за корупција, зајакнување на нивното знаење за корупцијата, формите во кои се јавува и алатките за борба против корупцијата, како и зајакнување на нивното знаење за важноста на градење личен интегритет.