Отворениот повик за собирачи на податоци е во рамки на проектот „Набљудување за назначувања засновани на заслуги во високата раководна служба на Северна Македонија” – (Monitoring for merit based appointments in senior civil service in North Macedonia) – “ финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство, а имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС).

 Работните обврски ќе бидат:

  • Поднесување барања за информации од јавен карактер до субјекти од интерес на проектот и соодветно комуницирање по истите;
  • Собирање примарни и секундарни податоци за потребите на проектот;
  • Внесување на податоците во однапред определен формат изработен од проектниот тим.

Во работата се очекува:

  • Работа од 4 часа дневно, односно 20 часа недело на активностите поврзани со проектот, во работно време, во целиот период на ангажман;
  • Почитување на зададените рокови од проектниот менаџер и истражувачите;
  • Водење евиденција за работниот ангажман во зададен урнек и достава до Проектниот менаџер;
  • Соработка со проектниот тим по хоризонтална и вертикална основа утврдено според проектот и внатрешните акти на ИДСЦС.

 Потребни знаења и вештини:

  • Искуство во собирање податоци преку поднесување барања за информации од јавен карактер;
  • Искуство во претходни истражувања во граѓанскиот сектор;
  • Течно говорење и пишување на англиски јазик.

Работниот ангажман ќе се спроведува во ограничен период, почнувајќи од  1 ноември 2020г. до 31 март 2021г.  За својот ангажман собирачите на податоци ќе добиваат вкупен бруто месечен надомест од 300 фунти во денарска противвредност.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат на македонски јазик на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за собирач на податоци шифра 0833 најдоцна до 26 октомври (понеделник – 23:59ч.) 2020г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само предселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Целиот повик може да го погледнете тука:

Отворен повик за собирачи на податоци