Институт за демократија, во соработка со партнери од регионот, подготви пет документи за јавни политики кои ги анализираат формите на парламентарен надзор врз антикорупциските институции во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора и Србија. Документите се изработени во рамките на проектот „Антикорупциски разговори во Парламентот” кој се реализира со финансиска поддршка од Националниот фонд за демократија на САД (НЕД).

 

Албанија

Улогата и ефективноста на албанскиот Парламент во борбата против корупција е анализирана преку показателите на Индексот за капацитет на парламентарен надзор. Индексот вклучува контекстуални фактори, како динамика на политичките партии; доминација на извршната власт; механизми за внатрешен законодавен надзор и институции за надворешен надзор.

Автор: Бесјана Кучи

Целата анализа можете да ја прочитате тука:

Парламентарен надзор врз антикорупцијата во Албанија: Решение или дел од проблемот?

 

Босна и Херцеговина

Парламентарниот надзор врз антикорупциските институции во Босна и Херцеговина е прикажан преку преглед на позиционираноста и улогата на парламентарната комисија задолжена за вршење надзор врз Агенцијата за борба против корупција, како и анализа на практичната примена на нејзините надлежности.

Автор: Угљеша Вуковиќ

Целата анализа можете да ја прочитате тука:

Парламентарен надзор врз Агенцијата за борба против корупција во Босна и Херцеговина – опфат и искуства

 

Бугарија

Документот со осврт на Република Бугарија ја прикажува поставеноста на антикорупциската структура во државата, како и практичната примена на парламентарните надзорни механизми. Предмет на анализа се и улогата на парламентарната комисија за надзор врз антикорупциските тела и граѓанското општество во обезбедување поотчетни институции.

Автор: Даниела Минева

Целата анализа можете да ја прочитате тука:

Парламентарен надзор врз антикорупцијата во Бугарија

 

Србија

Анализата со фокус на парламентарниот надзор во Република Србија го опфаќа практичниот аспект на односот помеѓу Народното Собрание и Агенцијата за борба против корупција. Документот се осврнува на клучните димензии од нивната интеракција, односно, процесот на избор и именување на раководството, доделување на буџетот и следење на извештаите на Агенцијата.

Автор: Лука Глушац

Целата анализа може да ја прочитате тука:

Односот на Народното Собрание на Република Србија кон Агенцијата за борба против корупција

 

Црна Гора 

Анализата со осврт на црногорскиот парламент се фокусира на тоа колку пратениците ги употребуваат надзорните механизми кои им стојат на располагање и се осврнува на проактивноста на Антикорупциската комисија во парламентот во вршењето надзор врз Агенцијата за спречување корупција.

Автор: Ана Џурниќ

Целата анализа можете да ја прочитате тука:

Црногорскиот Парламент и Агенцијата за спречување корупција „Како да се спаси брод што тоне“

 

Преглед за Северна Македонија

Во рамките на проектот, Институт за демократија подготви и три документи за јавни политики кои се осврнуваат на надзорната улога на Собранието на Република Северна Македонија во доменот на антикорупција. Документите низ антикорупциска призма ги анализираат улогата на Собранието во евроинтеграциските процеси, членството во НАТО, и компаративно ја прикажуваат поставеноста на парламентарниот надзор врз антикорупцијата во земјата и регионот.

Анализите можете да ги прочитате тука:

Анализи на надзорната улога на Парламентот врз борбата против корупцијата