logo

Црногорскиот парламент и Агенцијата за спречување корупција: Како да се спаси брод што тоне

Share on facebook
Share on twitter

Контролата на Парламентот на Црна Гора врз Агенцијата за спречување корупција ја отсликува целокупната слика на запоставената парламентарна контрола врз извршната власт, системот на спреги и кочници (checks-and-balances) кој речиси не постои, јавните функционери кои ретко кога одговараат за своите постапки и корупцијата која останува да биде широко распространет проблем. Парламентот најчесто се сведува на „машина за гласање“, наместо да биде силна институција способна да ја охрабри Владата за подобро работење и поголема отчетност.

Пратениците од црногорскиот парламент посветуваат само онолку време и енергија, колку што е потребно за разгледување и одобрување на годишните извештаи за работата на Агенцијата за спречување корупција (АСК) и за разрешување/именување членови на Советот на Агенцијата. Со други зборови – тие го исполнуваат минимумот од обврските предвидени со Законот за спречување корупција

Со цел да биде ефикасен во надгледувањето на Агенцијата за спречување корупција, следниот мандат на Парламентот треба да ги користи постоечките овластувања и механизми за контрола во поголема мера и да работи на понатамошно јакнење на својата контролна функција.

 

Целосниот документ за улогата на Црногорскиот парламент во однос на Агенцијата за спречување на корупција може да погледнете во прилог:

Црногорскиот парламент и Агенцијата за спречување корупција: Како да се спаси брод што тоне

Поврзани објави