fbpx
logo

Парламентарен надзор врз антикорупцијата во Бугарија

Иако Бугарија има добро развиена институционална антикорупциска структура, сепак, се соочува со недостиг од вистински систем на спреги и кочници (checks-and-balances) во кој секоја јавна институција дава отчет пред друга институција. Покрај тоа, сите извршени контроли не се засноваат на ефикасна методологија за проценка на ризик, со тоа наметнувајќи го прашањето дали Комисијата за борба против корупција и одземање незаконски стекнат имот не се користи за репресија кон политичките противници, наместо за истрага на сите засегнати лица еднакво.

Спроведувањето на антикорупциските планови на министерствата е предмет на оценка на владини комисии, но ретко и на независни експерти или граѓанското општество. Со цел да се стекне непристрасен преглед на ризиците од заробување на државата или да се оцени ефикасноста на антикорупциските политики и мерките применети на ниво на поединечен јавен орган, важно е владините тела да воспоставуваат партнерства со граѓанскиот сектор

На 9 јули 2020 година беа иницирани протести ширум Бугарија, барајќи промени во Владата и Главниот јавен обвинител. Тие беа предизвикани од широко распространетата корупција, заробеноста на државата и недостигот од механизми за владеење на правото во земјата. 

Парламентарниот надзор врз мерките за борба против корупцијата треба да биде зајакнат, што би можело да се постигне во рамки на постоечките постапки и механизми. Конкретно, на темата треба да се дискутира поотворено и неформално и во пленарната сала на Народното собрание како и за време на состаноците на Комисијата за борба против корупција, судир на интереси и парламентарна етика. Пратениците треба да вршат поголем притисок за резултати и ефикасност на Комисијата за борба против корупција и одземање незаконски стекнат имот и на Обвинителството. 

 

Погледнете го во целост документот за антикорупцискиот надзор во Бугарија:

Парламентарен надзор врз антикорупцијата во Бугарија

Поврзани објави