Во својот последен извештај за напредокот на Србија, Европската комисија оценува дека е постигнат само ограничен напредок во борбата против корупцијата и дека нема мерливо влијание на реформите за спречување корупција. Рангирањето на Србија во годишниот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешенел укажува на истото. Покрај тоа, Комисијата нотира дека надзорот на Парламентот врз извршната власт останува слаб. Како и во претходните години, Комисијата подвлекува дека Парламентот не успева да ја поддржи улогата на независните институции.
За разлика од оние земји кои основаа повеќенаменски антикорупциски агенции (АКА), со сеопфатен мандат, покривајќи спречување, едукација, извршување на правото и прогон, Србија се одлучи да воспостави дисперзирана институционална шема за сузбивање корупција. Агенцијата за борба против корупција (АБК), Антикорупцискиот совет, Обвинителството за организиран криминал (со Полицијата) ги делат главните одговорности во борбата против корупцијата и спречувањето корупција.
И покрај фактот што законската рамка предвидува прилично уредена процедура на разгледување на годишните извештаи на АБК, во пракса, Народното собрание вообичаено не обрнува внимание на таквите извештаи.
Во прилог може да го погледнете целосниот документ за односот помеѓу Народното собрание Агенцијата за борба против корупцијата:
Односот на Народното собрание на Република Србија кон Агенцијата за борба против корупција