Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување, наменета за вработените во Собранието на Република Северна Македонија, кои имаат интерес за професионално усовршување и развој, односно интерес за магистерски и докторски студии во академска 2020/2021 година.

Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување се реализира во рамките на Програмата за Парламентарна Поддршка, финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка преку Швајцарска Амбасада во Македонија и е администрирана од Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје.

Ги повикуваме заинтересираните вработени во Собранието на Република Северна Македонија, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на повикот.

Деталите за стипендијата, начинот на спроведување и постапката за аплицирање можете да ги најдете во програмата прикачена во прилог. Во прилог ви го испраќаме и конкурсот на УКИМ за упис во прв уписен рок.

Апликацијата и сите документи од кои се состои потребно е да ја испратите на адресата на администраторот contact@idscs.org.mk со назнака Апликација за швајцарска стипендиска програма, не подоцна од 10ти септември (четврток) 23:59ч. Нецелосните и апликациите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Доколку имате потреба од дополнителни информации, ве молам контактирајте не на aleksandra@idscs.org.mk.

Подетални информации можете да добиете на следните линкови:

Повик за програма за доделување стипендија

Конкурс за запишување студенти на втор циклус – магистерски студии  

Конкурс за запишување студенти на трет циклус – докторски студии  

Апликација за професионален развој