Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) објавува повик за пријавување на кандидати за платен ангажман како набљудувачи на квалитетот на дискусијата во Собранието.

Повикот се однесува за мотивирани дипломирани (магистрирани) или студенти/ки од сите општествено-хуманистички области, аналитичари/ки и активисти/ки од граѓански организации.

Со повикот ќе бидат избрани двајца/две набљудувачи/ки кои ќе бидат обучени и ќе добијат можност да учествуваат во набљудувањето на квалитетот на дебатата во  Собранието на Република Северна Македонија за период од 3 (три) месеци (од средина на август до средина на ноември 2020та година). Временскиот ангажман е со можност за продолжување. Набљудувањето се врши во рамки на проектот „Програма за Парламентарна поддршка“.

Повикот ќе биде отворен од 23.07.2020 (четврток) до 30.07.2020 (четврток- 23:59 ч.). Апликантите како пријава треба да испратат кратка биографија во Europass формат и мотивациско писмо на македонски јазик на contact@idscs.org.mk со назнака „Програма за Парламентарна Поддршка“. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Доколку постои голем интерес, ИДСЦС ќе ги повика на разговор кандидатите селектирани во потесниот избор.

„Програмата за Парламентарна Поддршка“ е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, спроведена од Институт за демократија “Социетас цивилис“ Скопје, Национален демократски институт – Северна Македонија и Центар за управување со промени.

Целиот повик може да го погледнете тука:

Повик за ангажирање на набљудувачи на квалитет на собраниска дебата

Одлука за избор на набљудувачи на квалитет на собраниска дебата