Платформата на граѓански организации за борба против корупција во периодот меѓу мај и декември 2020 ќе го имплементира проектот „Набљудување на успешноста на работата на ДКСК“, финансиран од Фондација Отворено општество Македонија преку грантовата шема за поддршка на неформални мрежи.

Главната цел на проектот е намалување на корупцијата преку подобрен интегритет на институциите, со активно вклучување на сите засегнати страни во борбата против корупцијата и со подобрување на фокусот на работење и правење приоритизација на случаите кои ги работи ДКСК.

Главен фокус е ставен на Државната комисија за спречување на корупцијата, а проектните активности имаат за цел да го подобрат работењето на институцијата но и да ја поттикнат институцијата да направи позитивни промени во динамиката на работа. Преку мониторинг на работата на ДКСК ќе се направи скенирање на областите на кои што работи Комисијата, а Платформата ќе даде препораки и насоки за подобро делување.

Менувањето на перцепцијата за (не)работењето на институциите е долготраен процес. Истиот може се поттикне преку директно вклучување на општата јавност преку соодветна едукација и редовно комуницирање со различни комуникациски алатки и различни наративи.

Креираната методологија која креира мапа на ранливи области ќе и помогне на ДКСК да ги скенира областите на кои работи и врз основа на добиените податоци да го насочи фокусот за идно работење.

Дополнително, останатите проектни продукти ќе бидат основа за застапување и креирање на политики, но и добра практики и пример за заедничко работење на институција и граѓанско општество.

Одобрени средства: 44.965$

Носител на проектот: ИДСЦС

Имплементатор: Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата

Целни групи: ДКСК, Собрание, Влада и општини, медиуми, невладини организации, општа јавност

Настани поврзани со проектот