Отворениот повик за изработка и промоција на едукативни видеа е во рамки на проектот „Антикорупциска едукација за ученици во средно образование“ кој го имплементира Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во партнерство со Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија.

Цели на проектот: Подигнување на свеста кај младите за корупцијата, зајакнување на нивното знаење за корупција, форми на корупција и алатки за борба против корупцијата, како и зајакнување на нивното знаење за важноста на градење личен интегритет.

 

Делокруг на работа

Проектот има цел да обезбеди ангажираност од страна на средношколците и надвор од училишните клупи правејќи ја темата присутна во нивниот јавен дискурс. Имајќи предвид дека припадниците на Z генерацијата поминуваат две-третини од денот апсорбирајќи информации online, присуството на релевантни информации и едукативни содржини во online просторот е од исклучително значење.

 

Производи за промоција:

6 кратки едукативни видеа кои ќе обезбедат ангажман преку вклучување на медиумски влијателни личност (влогери/инфлуенсери).

  • Испораки
  • Подготовка на 6 сценарија во консултација со проектниот тим на ИДСЦС;
  • 6 (шест) кратки видеа со времетраење од максимум 60 секунди (4 на македонски и 2 на албански јазик) од медиумски влијателни личност (влогери/инфлуенсери) релевантни кај возрасна група 15-19 год;
  • Промоција и дистрибуција на 6те кратки видеа на веб-страници и социјални медиуми.

 

Временска рамка

Испорака на услугата се очекува да се реализира во временска рамка: 10 јуни – 1 октомври 2020 г;

Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе бидат тековно договорени меѓу ИДСЦС и понудувачот.

Достава на апликација

Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за промоција на едукативни видеа, не подоцна од 27 мај (среда) (23:59ч.) 2020г. Прашањата поврзани со повикот се поставуваат исклучиво во писмена форма најдоцна до 25 мај 2020г. (понеделник) до 15ч. на simona@idscs.org.mk.

 

Целиот повик може да го прочитате на следниот линк:

Повик за изработка и промоција на едукативни видеа