Следењето на ДКСК во рамки на проектот „Набљудување на успешноста на работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата“ се одвива во две фази. Првата фаза е од почетокот на работењето на новиот состав на комисијата, односно по донесувањето на првите одлуки во март 2019 до септември 2019та година, а втората фаза е до крајот на 2019та година односно за преостанатите три месеци кои не се опфатени со првиот извештај од октомври до декември 2019та година. Податоците на кои се потпира овој извештај се прибирани од сајтот на Државната комисија за спречување на корупцијата како и на информации добиени со испраќање барања за пристап до информации од јавен карактер до ДКСК.

Анализирани во овој извештај се последните три месеци од 2019та година во кои ДКСК има одржано две седници и донесено 96 одлуки.

Најголем број од одлуките се во областа на здравството 26%, односно се поведени под сомнение дека има незаконски дејствија во институции кои даваат здравствени услуги и/или се дел од здравствениот систем.

Временскиот период за поднесување на иницијатива до донесување на одлука на последните две седници на ДКСК во 2019 година е 5 месеци и 14 дена, при што минималниот број на денови за целосна постапка е 42 дена, додека пак максималниот забележан во периодот кој е следен 273 дена.

Во текот на 2019 година комисијата има оформено вкупно 1165 предмети, од кои 710 се оформени под сомнение за корупција а 455 со сомнение за судир на интереси. Во текот на годината решени се 100 предмети со сомнеж за корупција и 199 со сомнеж за судир на интереси.

Целиот извештај може да го прочитате тука:

Втор извештај за работата на Државната комисија за спречување корупција (октомври – декември 2019)