Граѓаните очекуваат собран смет, безбедна вода за пиење и функционален јавен превоз, бидејќи основните потреби на граѓаните остануваат исти без разлика на настанатите услови и состојби. Јавните претпријатија треба да бидат подготвени да обезбедат услуги кон граѓаните во различни услови, како во нормални така и во вонредни.

Проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) го спроведува Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и е финансиран од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство.