Со измени на Законот за јавни претпријатија треба да се постават минималните услови за членување во одборите, како образование и искуство. Потоа да се распише јавен конкурс за кандидатите, па да се формира комисија што ќе треба да ги процени и да ги интервјуира. Дури на крајот да се изврши избор, низ јавна и прецизна процедура.

Проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) го спроведува Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и е финансиран од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство.