Во периодот од 5 до 7 март во Струга се реализира обуката „Информирани пратеници, отчетни институции“ со цел зајакнување на капацитетите на Собранието во борбата против корупцијата наменета за асистентите на парламентарните групи и вработените во Парламентарниот институт.

Фокусот на оваа обука е нивно запознавање со процесите и алатките за борба против корупција и улогата на Собранието. Дополнително, идејата е пренесување на знаења за како да се подобри протокот на информации до пратениците за процесите поврзани со борбата против корупцијата преку препознавање на клучни наоди од извештаите на институциите и употреба на анализите од граѓанскиот сектор.

Оваа обука е дел од активностите на проектот „Антикорупциски разговори во Парламент“ кој Институтот за демократија го имплементира со поддршка на Националниот фонд за демократија (NED).