Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), во соработка со г. Франсоа Лафонд, советник на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, денеска (07.02.2020) организираше експертска работилница на која се дискутираше новиот предлог на Европската комисија за методологија за пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Во детали беше разговарано за новитетите на новата во однос на методологијата користена за Црна Гора и Србија, предизвиците со кои би се соочила земјата во процесот на преговори, како и за чекорите кои следат во процесот.

Со цел да се слушнат мислењата на сите засегнатите страни, на работилницата беа поканети претставници на Владата, примарно задолжени за процесот на европски интеграции, граѓански организации како и претставници на германската и француската амбасада и Делегацијата на Европската Унија во земјата.