logo

Реакција на вчерашниот избор на членови на управни и надзорни одбори во Советот на Град Скопје

Share on facebook
Share on twitter

Ја информираме јавноста дека на вчерашната седница на Совет на Град Скопје за избор на членови на управни и надзорни одбори, на која присустуваше тим на Институт за демократија, советниците немаа можност да ги прегледаат квалификациите и биографиите на кандидатите и гласаа само на основа на име и презиме. Дел од советниците ги побараа овие дополнителни информации меѓутоа не ги добија под образложение дека не постои таква обврска.

Институтот за демократија смета дека на советниците мора да им бидат обезбедени вакви информации за да донесат информиран избор. Иако специфично не се споменати биографии, според членовите 33 и 34 од Деловникот на Советот на Град Скопје, советниците имаат право на добивање дополнителна документација и појаснувања за да можат одговорно, и базирано на податоци да донесат информирана одлука.

Во изминатиот период, ИДСЦС заедно со Министерството за информатичко општество и администрација изработи предлог законски измени со цел отстранување на ваквите недостатоци и обезбедување на повисоки критериуми за избор на раководни структури. Овие предлози моментално се разгледуваат во Министерството за економија при што очекуваме да бидат дел од финалните измени на Законот за јавни претпријатија.

На седницата, Институтот за демократија го набљудуваше процесот на избор на членови на управни и надзорни одбори на неколку јавни претпријатија: Комунална хигиена, Градски паркинзи, Јавно сообраќајно претпријатие и новоформираното – Дрисла.

Поврзани објави