Јавните претпријатија се важни и затоа е потребно да ги водат квалитетни луѓе. Промената на Законот за јавни претпријатија треба да гарантира дека ќе се изберат луѓе со соодветни способности наместо услови, затоа што граѓаните заслужуваат квалитетни услуги.

Проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) го спроведува Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и е финансиран од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство.