Со овој конкурс, Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата ги поканува претставниците на граѓанските организации, да го изразат својот интерес за изработка на студија.

ТЕМИ

Заинтересираните претставници на организациите, треба да подготват студија, не подолга од 5000 зборови, но не и пократка од 4000 зборови вклучувајќи и библиографија, на следнава тема:

  • Анализа на методологијата и инструментите на ДКСК во пресрет на изборите.

 НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните треба да ги достават следните документи:

  • Професионална биографија (CV);
  • Пријава (достапна во прилог);
  • Референтна листа од претходни слични ангажмани (достапна тука).

Комплетната документација за пријавување треба да биде испратена по електронска пошта до Секретаријатот на Платформата на граѓански организации за борба против корупција на e-mail адреса: martina@idscs.org.mk со назнака „Апликација за изработка на студија“, не подоцна од 19 јануари 2020г.

Информациите за изборот ќе бидат соопштени не подоцна од 5 работни дена по истекот на рокот за доставување на апликациите.

Од селектираните апликанти се очекува да достават финален продукт најдоцна до 15 февруари 2020 година.

ФОНД

Проектот предвидува паричен надомест во висина од 1110* американски долари во денарска против вредност, бруто износ.

*Предвидената сума се однесува за изработка на една студија и на неа не влијае бројот на лица кои ќе учествуваат во подготовката на истата.

Целиот конкурс можете да го видите тука.

Конкурс за изработка на документи за јавни политики