Отворениот повик за обучувачи е во рамки на проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување на корупција“ – финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија, а имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот од 01 јули 2019 до 29 февруари 2020 година.

Делокруг на работа

Вкупен број денови на ангажман: максимум 8.

  • Креирање курикулум за обука на тема „Следење на работата на ДКСК и политичките партии за време на изборен период“. (Курикулумот треба да биде во согласност со релевантната правна регулатива. Курикулумот треба да содржи примери од праксата).
  • Спроведување дводневна обука надвор од Скопје.

Потребни документи:

За правни лица

  • Тековна состојба од Централен регистар на Р.С. Македонија (не постара од шест месеци од денот на аплицирање);
  • Референтна листа на претходни слични ангажмани на предложениот обучувач/и;
  • CV (професионално резиме) на обучувач/ите во ЕУ формат на македонски јазик;
  • Предлог план за обука (формулар);
  • Финансиски предлог.

За физички лица

  • Референтна листа на претходни слични ангажмани;
  • CV (професионално резиме) на обучувачот во ЕУ формат на македонски јазик;
  • Предлог план за обука (формулар);
  • Финансиски предлог.

Достава на апликација

Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: [Апликација за обука] – „Следење на работата на ДКСК и политичките партии за време на изборен период“, не подоцна од 19 јануари (недела) (23:59ч.) 2020г.

ИДСЦС ќе го извести избраниот кандидат не подоцна од 23 јануари 2020г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

Целиот повик може да го видите на следниот линк:

Следење на работата на ДКСК и политичките партии за време на изборен период