Институт за демократија „Социетас Цивлис“ (ИДСЦС) од 16 до 18 декември во хотел Дрим во Струга организираше обука за пилотирање на едукативни програми за борбата против корупцијата во рамки на проектот „Антикорупциска едукација за ученици во средните училишта“, имплементиран во партнерство со Државната комисија за спречување на корупцијата, со поддршка на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование.

На обуката беа презентирани едукативни материјали и помагала за изучување на наставни единици посветени на борбата против корупцијата. Професори од десет средни училишта од Скопје, Гостивар, Тетово, Струга, Штип, Струмица и Битола стекнаа потребни вештини за на пристапен начин и на јазик разбирлив за возраста на учениците, да им пренесат знаење за формите на препознавање, справување и пријавување на корупција.

Целта на овој проект е да ја подигне свеста кај младите за корупцијата, да го подобри нивното знаење за корупцијата, формите на корупција и анти-корупциските алатки, како и да го зајакне нивното знаење за важноста за градење на личен интегритет.

Проектот „Антикорупциска едукација за ученици во средните училишта“ е финансиски поддржан од Холандска амбасада во Скопје.