„Политичка мисла“ е стручно тематско списание за политички и социјални прашања. Меѓународниот уредувачки одбор на списанието го објавува отворениот повик за текстови за претстојните изданија кои може да бидат од областите на политичките науки, економија, меѓународни односи, социологија, антропологија, европски и безбедносни студии. Заинтересираните може да предложат теми од македонска, регионална или меѓународна перспектива.

Крајниот рок за поднесување на текстовите е 23 декември 2019 година. Предлозите и финалните текстови можат да се достават на македонски, англиски или германски јазик. Сите трудови ќе бидат подложени на двојна рецензија пред нивното објавување.

Сите текстови треба да бидат во согласност со условите утврдени со Стандардите за објавување текстови во „Политичка мисла“.

Сите предлози, текстови и прашања треба да бидат доставени до: Sandra.Koljackova@kas.de

 

Повикот и Стандардите за објавување може да ги видите на следниот линк.

Повик за текстови