Повикот за изработка на анимирано видео е во рамки на проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство, имплементиран од Институт за демократија ˶Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот 01 април 2019 – 31 март 2020г.

Опис на проектот

Анимираното видео кое треба да се изработи е во рамки на кампања која ќе има цел да ги доближи резултатите од проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” до граѓаните и да придонесе кон подигање на свеста за доброто управување на претпријатијата во државна сопсвеност и независните државни тела. Избраниот понудувач ќе треба да изработи анимирано видео во должина од 180 до 210 секунди преку кое ќе се претстават наодите од спроведените анализи и собраните податоци во периодот на имплементација на проектните активности. Видеото потребно е да содржи креативни илустрации и анимации кои на поедноставен и визуелно привлечен начин ќе ги презентираат наодите од проектот. Видеото треба да биде прилагодено за споделување на социјални медиуми и телевизија, и изработено во адекватни формати.

Испораки

  • 1 (едно) анимирано видео со нарација на македонски јазик во должина од 180 до 210 секунди во HD 1080p квалитет;
  • 1 (едно) синхронизирано анимирано видео со нарација на албански јазик јазик во должина од 180 до 210 секунди во HD 1080p квалитет, врз основа на видеото и нарацијата од претходната точка.
  • 1 (една) кратка веризја во должина од 30 секунди од анимираното видео на македонски јазик;
  • 1 (една) кратка веризја во должина од 30 секунди од анимираното видео на албански јазик.

Временска рамка

Испорака на услугите ќе се случува во временската рамка:

  • Доставување на предфинален производ до 20 јануари 2020г.
  • Доставување на финален производ со вклучени сугестии од проектниот тим на ИДСЦС до 31 јануари 2020г.

Достава на апликација

Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Понуда за изработка на анимирано видео, не подоцна од 22 декември (недела) (23:59ч.) 2019г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

Целиот повик може да го прочитате на следниот линк:

Повик за услуги – изработка на анимирано видео