Отворениот повик за промотивни услуги е во рамки на проектот „Собранието под лупа” (Parliament watch) – финансиран со помош од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска Амбасада во Република Северна Македонија, имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС).

Делокруг на работа
Во рамките на проектот ќе биде изработено видео од едукативен каратактер за Парламентарниот Институт (ПИ) на македонскиот и швајцарскиот парламент. Целта на промоцијата на видеото е јавноста и младите подобро да се запознаат со работата и функционирањето на Пармалентарниот Институт.

Испораки
Промовирани 4 (четири) видеа: 1 (едно) видео на македонски јазик, 1 (едно) видео на албански јазик, и 2 (две) кратки видеа на македонски и албански јазик. Промоцијата на продуктите треба да предвидува и традиционални и нови медиуми (социјални мрежи).

Временска рамка
Испорака на услугите ќе се случува во временска рамка од 15ти јануари 2020г. до 15ти март 2020г.

Достава на апликација
Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за промотивни услуги – ПИ видео, не подоцна од 8ми декември (недела) (23:59ч.) 2019г. ИДСЦС ќе го извести избраниот апликант не подоцна од 13ти декември 2019г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. За сите дополнителни информации и/или прашања ве молиме напишете електронска порака на aleksandra@idscs.org.mk најдоцна до 4ти декември (среда).

Целиот повик може да го прочитате на следниот линк:

Отворен повик за промотивни услуги