fbpx
logo

ПВР во сенка: Теорија и пракса за Законот за општа управна постапка од 2015

Анализата за спроведувањето на процесот на Проценката на влијание на регулативата (ПВР) при донесувањето на Законот за општа управна постапка (ЗОУП) од 2015 година укажува дека само на некои од чекорите им е посветено одредено внимание, повеќето од нив се провизорно реализирани, а додека определени чекори целосно се прескокнати.

Анализата која е изработена во рамки на проектот „Проценка на влијание на регулатива во сенка“ финансиран од Европската Унија и спроведуван од Институтот за демократија и Центарот за економски анализи обезбедува и симулација на она што треба да содржи извештај за ПВР.

Оваа ПВР во сенка, настојува да создаде врска меѓу актерите од граѓанското општество и државните институции, како и да поттикне култура на промени и постојано учење кон унапредување на процесот за ПВР. Оттаму, врз основа на оценка на ефектите од преземените мерки и акции, во поширокиот контекст на добро управување, а врз основа на однапред воспоставени принципи во однос на спроведување на конкретната ПВР за ЗОУП (2015), можеме да заклучиме дека постои евидентен расчекор меѓу теоријата и практиката.

ПВР за ЗОУП (2015) е направена доцна во регулаторниот процес, односно откога одлуките веќе биле донесени. Процесот на ПВР, во случајов, (како и во повеќето случаи) евидентно е перципиран на ниво на формално исполнување на пишаните процедури, додека изостанува клучен доказ за прифаќањето или одбивањето на конкретната политика. Опциите и влијанијата не се добро засновани, економските индикатори се целосно запоставени, па оттаму, не засновано (без обезбедени јавни докази) се дал легитимитет на претходно зацртан чекор, наспроти реално оценување на предложената, и подоцна усвоена регулатива (ЗОУП, 2015).

Колку и да се понудените решенија добри во ЗОУП (2015) тие не ја следат методологијата за ПВР, не постои транспарентност во нивното креирање, па оттаму спротивни се на принципите на добро управување. Доколку се земе предвид процедуралната страна на креирањето закони – спротивни се и на принципите на законитост, правна сигурност и владеењето на правото.

Анализата покажува дека потребно е придвижување на ПВР – од формален кон суштински процес при креирањето закони. Потребна е зголемена свесност за процесите за ПВР и бенефициите од нивната имплементација. Потребно е подобрување на културата на однесување во врска со примената на ПВР, како зголемување на соработката меѓу регулаторите, политичарите, групите на интерес и општата јавност.

Целта на оваа ПВР во сенка не е да се оцени оправданоста на донесените решенија, туку да се укаже кон подобрувања на имплементацијата на постапката за ПВР за во иднина процесите да бидат потранспарентни за релевантните чинители, вклучувајќи ги во нив бизнис заедницата и граѓанскиот сектор.

Анализата на македонски, албански и англиски јазик можете да ја прочитате на следните линкови:

ПВР во сенка – Извештај за проценка на влијанието за законот за општа управна постапка (2015)

VNR në hije raport për vlerësimin e ndikimit mbi ligjin për procedurën e përgjithshme administrative (2015)

Shadow RIA – Impact assessment report on the law on general administrative procedure (2015)

Поврзани објави