logo

Собранието под лупа: Како дебатираа пратениците за состојбата со човековите права во казнено-поправните установи

Share on facebook
Share on twitter

При извршување на казна затвор, односот кон затворениците треба да биде хуман, почитувајќи ја човековата личност и достоинство. Треба да бидат обезбедени стандардните минимални правила за постапување со затвореници, притоа водејќи сметка за остварување на целите на одделни санкции. Како држава која се стреми за влез во Европската Унија, Република Северна Македонија години наназад се залага за усогласување на своето законодавство со стандардите и законите на Унијата. Клучен акт со кој се дефинира извршувањето на санкциите е Законот за извршување на санкциите, донесен во 2006 година.

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) го набљудуваше квалитетот дебатата на јавната расправа на тема: „Состојбата со човековите права во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија”. Расправата се одржа на 22 јули 2019, на седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Генерален впечаток од анализата е слабиот квалитет на излагањата, особено на пратениците, како и фактот дека немаше позначајна разлика во ставовите на учесниците во дискусијата во однос на ова прашање. Без разлика на страната и функцијата која говорниците ја застапуваа, тие ги посочија истите проблемите со кои се соочуваат затворите.

И покрај тоа што потребата од интервенција во оваа сфера е оценета како ургентна и од внатрешни и од надворешни институции, скоро половина од говорите на оваа јавна расправа беа слабо аргументирани или беа воопшто без аргумент. Оваа отсутност на аргументи во говорите е особено воочлива во излагањата на пратениците, каде повеќе од две третини од нивните образложенија беа без вредносен аргумент.

Говорниците во јавната дебата ретко се осврнуваа и на аргументите на другиот, односно половина од говорите беа без референца на претходно изнесени факти.

Општите заклучоци од јавната расправа, како и извештаите од домашните и меѓународните институции упатуваат на тоа дека треба дополнителни институционални инвестиции со цел решавање на недостатоците во пенитенцијарниот систем.

Прочитајте ја целата анализа на следниот линк:

Состојбата со човековите права во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија

Поврзани објави