fbpx
logo

Студиска посета во Словенија за Проценка на влијанието на регулативата

Како дел од проектот Проценка на влијанието на регулативата – ПВР во периодот 23-24 септември, во Љубљана, Словенија се одржа студиска посета со цел размена на искуства помеѓу претставници на јавната администрација и граѓанското општество.

Студиската посета вклучи работна посета на Министерството за јавна администрација на Република Словенија, Центарот за одличност во финансиите Center of Excellence in Finance (CEF) како и Центарот за информации, соработка и развој на граѓански организации CNVOS.

На посетата учествуваа претставници на шест министерства, како и граѓански организации членки на Мрежата за подобра легислатива – Мрежа РИА.

Посетата се организираше во рамки на проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази” – проект финансиран од Европската Унија имплементиран од Институт за демократија „Социетас Цивлис“ и Центарот за економски анализи – CEA.

Поврзани објави