Отворениот повик за консултантски услуги за подготовка на Секторска анализа е во рамки на проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” (ИДСЦС) во периодот 02 април 2019 – 31 март 2020г.

Делокруг на работа

Вкупен број денови за консултациски ангажман: максимум 20 (дваесет).
Потребно е да се спроведе истражување и анализа на 6 (шест) претпријатија користејќи индикатори за добро управување и ризик од клиентeлизам, кои ќе прикажат специфични наоди од секторот за начинот на работа, ефективноста и испораката на услуги кои се нудат од јавните претпријатија. Анализата ќе биде основана врз истражувањата на интерните процедури, стратешки планови, записници од состаноци на управните и надзорните одбори, систематизација и раководењето со човечки ресурси, како и антикорупциските политики и нивото и опсегот на нивна имплементација.

Од наодите при анализата треба да произлезат препораки за подобро управување во јавните претпријатија од определениот сектор.
Примерокот од шест претпријатија, како и секторот од кој ќе бидат селектирани од различни региони во земјата, ќе биде избран од истражувачите од проектниот тим на ИДСЦС, врз основа на веќе подготвената анализа на процедурални празнини, како и според нивниот претходен перформанс, број на вработени и опсег на услуги.

Испораки

• Истражување на интерните процедури, стратешки планови, записници од состаноци на управните и надзорните одбори, систематизација и раководењето со човечки ресурси, како и антикорупциските политики и нивото и опсегот на нивна имплементација, за 6 (шест) јавни претпријатија;
• Студија за политики и препораки базирана на истражување од потточка 3i (20 страници со техничка спецификација: фонт 12, големина А4, проред 1, маргини – Normal);
• Time-sheet во формат зададен од ИДСЦС за периодот за кој е ангажиран експертот/те.

Достава на апликација

Апликацијата (професионално резиме и понуда/финансиски предлог на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на simona@idscs.org.mk со наслов: Апликација за консултациски услуги – Секторска анализа, не подоцна од 6ти септември (петок) (23:59ч.) 2019г. ИДСЦС ќе го извести избраниот кандидат не подоцна од 20ти септември 2019г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само предселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју. Прашања можете да поставите на pankovski@idscs.org.mk.

Целиот повик можете да го преземете на следниот линк:

Повик за консултантски услуги за подготовка на Секторска анализа

__________________________________

Одлука за избор на најдобар понудувач