logo

Повик за услуги – изработка на промотивно видео

Share on facebook
Share on twitter

Отворениот повик има цел да се избере понудувач за изработка на промотивно видео во рамки на проектот „Собранието под лупа” (Parliament watch) – финансиран со помош од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска Амбасада во Република Северна Македонија, имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС).

Опис на проектот

Видеото кое треба да се изработи според овој повик е од едукативен карактер, преку кое младите ќе се запознаат со работата на Парламентарниот Институт (ПИ) на македонскиот и во швајцарскиот парламент во Берн. Избраниот понудувач ќе треба да изработи видео во должина од 7 до 10 минути, а снимањето ќе се одвива во просториите на Парламентарниот Институт во македонскиот и во швајцарскиот Парламент. Видеото треба да вклучува нарација на македонски, албански, англиски и германски јазик. Видеото треба да биде прилагодено и изработено во адекватни формати за споделување на социјални медиуми и телевизија.

Делокруг на работа

  • Развој на сценарио и нарација во видеото;
  • Продукција (снимање во Скопје и Берн; аудио продукција) на видеото со нарација;
  • Постпродукција (Прилагодување на видео-материјалите во соодветни формати; дообработка; превод на македонски, албански, англиски и германски јазик и соодветно синхронизација на нарација и титлување на дијалози во сите јазични верзии; превод и вметнување на знаковен јазик);
  • Прилагодување на четирите јазични верзии од видеото за промоција на телевизија и социјални медиуми;
  • Одржување состаноци со проектниот тим и комуникацискиот офицер и вклучување на потенцијалните коментари;
  • Спроведување на правилата за видливост на донаторот во соработка со проектниот тим.

Достава на апликација

Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на contact@https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2021/11/project-2.png.org.mk со наслов: Понуда за изработка на видеo, не подоцна од 30ти август (петок) (23:59ч.) 2019г. ИДСЦС ќе го извести избраниот апликант не подоцна од 6ти септември 2019г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. За сите дополнителни информации и/или прашања ве молиме напишете електронска порака на vlora@https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2021/11/project-2.png.org.mk најдоцна до 25ти август (недела).

Целиот повик можете да го преземете на следниот линк:

Повик за изработка на промотивно видео

Одлука за избор на понуда за изработка на промотивно видео

 

Поврзани објави