Институт за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) објавува повик за пријавување на кандидат/ка за платен ангажман како набљудувач/ка на квалитетот на дискусијата во Собранието.

Повикот се однесува за мотивирани дипломирани (магистрирани) или студенти од сите општествено-хуманистички области и аналитичари од граѓански организации.

Со повикот ќе биде избран/а еден/а набљудувач/ка кој/а ќе биде обучен/а и ќе добие можност да учествуваа во набљудување на квалитетот на пратеничките дебати во македонското Собрание во период од 5 (пет) месеци, почнувајќи од средина на август до крај на декември 2019 година. Набљудувањето се врши во рамки на проектот „Собранието под лупа“.

Повикот ќе биде отворен 7 дена почнувајќи од 29.07.2019 (понеделник) до 05.08.2019 (понеделник- 23:59 ч.). Апликантите како пријава треба да испратат кратка биографија и мотивациско писмо на contact@idscs.org.mk со назнака „Собранието под лупа“. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Доколку постои голем интерес, ИДСЦС ќе ги повика на разговор кандидатите селектирани во потесниот избор.

Целосниот повик со сите услови е достапен на следниот линк:

Повик за ангажирање на набљудувач/ка на квалитет на собраниска дебата

Одлука за избор на набљудувач на квалитет на собраниска дебата