
Институт за демократија „Социетас Цивилис“(ИДСЦС), во рамки на Центарот за добро управување, распишува оглас за помлад истражувач со целосно работно време (40 часа неделно) за период од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на времетраењето на ангажманот.
Работните обврски ќе бидат:
- Поддршка на постарите истражувачи при развивање на: истражувачки продукти, проектни апликации и спроведување на тековните проекти на ИДСЦС;
- Редовно обезбедување податоци, анализи и извештаи за потребите на центарот;
- Пишување документи за јавни политики;
- Редовно и навремено комуницирање со комуникацискиот офицер и одделението за финансии и администрација;
- Други работи поврзани со работата на Центарот за добро управување.
Предност ќе имаат кандидати со добри познавања во теорија и пракса на процес на носење политики и основни познавања за застапување на политики, како и кандидати кои имаат искуство во раководење на проектен циклус.
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат и мотивациско писмо на македонски јазик на адресата: contact@idscs.org.mk најдоцна до 28 јули (недела – 23:59ч.) 2019г со назнака: Апликација за помлад истражувач. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само предселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Целосниот повик со сите услови е достапен на следниот линк:
Повик за помлад истражувач во рамки на ИДСЦС Центарот за добро управување
