
Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Фондацијата Конрад Аденауер од Скопје имаат задоволство да ви го претстават второто дополнето издание на публикацијата „Прирачник за претседателските избори во Република Северна Македонија 2019 година*“.
Изданието на Прирачникот е достапно на македонски, албански и англиски јазик и може да се преземе бесплатно на следниве линкови:
Македонска верзија на прирачникот
Албанска верзија на прирачникот
Англиска верзија на прирачникот
Прирачникот дава преглед за претседателските избори 2019 година, како и за историјата на претседателските избори во земјата, изборниот систем, информации за кандидатите, резултатите, кампањата и наодите од изборите.
Сите претходно подготвени прирачници за претседателски, парламентарни и локални избори може да се најдат на веб-страницата Изборна архива која е производ на соработката меѓу ИДСЦС и КАС.
