Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Фондацијата Конрад Аденауер од Скопје имаат задоволство да ви го претстават второто дополнето издание на публикацијата „Прирачник за претседателските избори во Република Северна Македонија 2019 година*“.

Изданието на Прирачникот е достапно на македонски, албански и англиски јазик и може да се преземе бесплатно на следниве линкови:

Македонска верзија на прирачникот

Албанска верзија на прирачникот

Англиска верзија на прирачникот

Прирачникот дава преглед за претседателските избори 2019 година, како и за историјата на претседателските избори во земјата, изборниот систем, информации за кандидатите, резултатите, кампањата и наодите од изборите.

Сите претходно подготвени прирачници за претседателски, парламентарни и локални избори може да се најдат на веб-страницата Изборна архива која е производ на соработката меѓу ИДСЦС и КАС.

*Потпишувањето на Преспанскиот договор на 17 јуни 2018 година го започна процесот на промена на уставното име на Република Македонија. Договорот стапи во сила на 12 февруари 2019 година. Бидејќи Прирачникот за претседателските избори започна да се изготвува пред влегувањето во сила на овој договор, во првото издание на текстот се употребува името Република Македонија, а во деловите напишани по завршувањето на изборите се применува новото уставно име Република Северна Македонија.