Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје го продолжува отворениот повик за консултант за подготовка на едукативна програма во рамки на проектот „Антикорупциска едукација за ученици од средно образование“ финансиран со помош од Амбасадата на Холандија во Скопје, имплементиран од ИДСЦС во периодот 1 јануари 2019 – 31 декември 2020.

Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за консултантски услуги 0507-202/19, не подоцна од 30ти јуни (недела – 23:59ч.) 2019г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само претселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Делокруг на работа

Вкупен број денови на експертски ангажман: максимум 48.

  • Развој на едукативна програма за ученици во средно образование врз основа на наоди од истражување;
  • Развој на програма за наставници во средно образование врз основа на наоди од истражување;
  • Обука за наставници;
  • Комуникација со проектниот тим на ИДСЦС и работната група составена од претставници од Министерство за образование и наука (МОН), Биро за развој на образование (БРО), и Државна комисија за спречување корупција (ДКСК).

Сите испораки предвидени со проектот треба да бидат испорачани во периодот од месец јуни до крајот на месец септември, 2019г.

Целосниот повик со сите услови е достапен на следниот линк:

Отворен повик за консултант за подготовка на едукативна програма за антикорупција