Отворениот повик за консултант за подготовка на едукативна програма е во рамки на проектот „Антикорупциска едукација за ученици од средно образование“ финансиран со помош од Амбасадата на Холандија во Скопје, имплементиран од Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот 1 јануари 2019 – 31 декември 2020.

Делокруг на работа
Вкупен број денови на експертски ангажман: максимум 48.
•Развој на едукативна програма за ученици во средно образование врз основа на наоди од истражување;
•Развој на програма за наставници во средно образование врз основа на наоди од истражување;
•Обука за наставници;
•Комуникација со проектниот тим на ИДСЦС и работната група составена од претставници од Министерство за образование и наука (МОН), Биро за развој на образование (БРО), и Државна комисија за спречување корупција (ДКСК).

Сите испораки предвидени со проектот треба да бидат испорачани во периодот од месец јуни до крајот на месец септември, 2019г.

Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за консултантски услуги 0507-202/19, не подоцна од 19ти јуни (среда – 23:59ч.) 2019г. ИДСЦС ќе го извести избраниот кандидат не подоцна од 26ти јуни 2019г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само претселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Целосниот повик со сите услови е достапен на следниот линк:

Отворен повик за консултант за подготовка на едукативна програма