logo

Отворен повик за дизајнерски услуги

Share on facebook
Share on twitter

Отворениот повик за дизајнерски услуги е во рамки на проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот април 2019 до март 2020.

Ангажманот во рамки на повикот предвидува дизајн на повеќе типови продукти поврзани со различни резултати од проектот како инфографици, дизајн на публикации и банери за социјални медиуми. Производите ќе бидат изработени во соработка со проектниот тим на ИДСЦС. Целта на графичко-визуелните решенија (инфографиците, веб-банерите, публикациите) е креативно претставување на наодите и препораките од проектот со цел да се доближат до крајните корисници, граѓаните.

Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за дизајнерски услуги – бр. 0401-155/19, не подоцна од 13ти јуни (четврток) (23:59ч.) 2019г. За сите дополнителни прашања околу процесот на аплицирање можете да се обратите на следниот e-mail: ivana@idscs.org.mk.

Ќе бидат контактирани само понудувачите кои ја поминале фазата на предселекција.

Целосниот повик со сите услови е достапен на следниот линк:

Отворен повик за дизајнерски услуги

Одлука за избор на дизајнерски услуги

Поврзани објави