Tројцата претседателски кандидати, Стево Пендаровски, Гордана Сиљановска-Давкова и Блерим Река водеа активна политичка кампања на своите профили на социјалните мрежи. Анализата на кампањите на претседателските кандидати е направена врз основа на содржините на пораките кои кандидатите ги објавиле на нивните профили на „Фејсбук“ и на „Твитер“.
Пораките понатаму се крос-референцирани со волуменот на ангажманот кој следбениците на кандидатите го имаат изразено, односно бројот на коментари, споделувања и „допаѓања“. Оваа анализата дава слика за тоа кои пораки добиваат најмногу поддршка од следбениците, кај секој од кандидатите, а кои не се толку интересни. Квалитативно се разгледани и содржините на пораките, кои се конкретните области на кои кандидатите најчесто се задржале и за кои области употребуваат позитивен и поддржувачки наратив.
Анализата покажува дека претседателските кандидати ја пропуштија шансата да ги искористат целосно алатките на социјалните медиуми за целите на својата кампања. Кандидатите најголем дел од просторот на своите профили го посветија на промоцијата на своите кампањски настани и говори, за сметка на пораките кои содржат конкретни решенија и нивни политички ставови. Следбениците, од друга страна, преку својата активност, генерално покажаа дека нивниот интерес е поголем за пораките на кандидатите кои се надвор од политичката кампања, во однос на останатите пораки.
Ваквата стратегија на еднонасочна комуникација преку социјалните медиуми се одрази и врз бројот на следбеници, кој остана релативно мал споредено со вкупниот број гласачи на кандидатите во првиот изборен круг.
Целосната анализа можете да ја прочитате на следниот линк:
Анализа на кампањата на претседателските кандидати на Фејсбук и на Твитер