fbpx
logo

Работилница и стратешко планирање на регионалната мрежа SEE Think Net во Белград

Регионалната мрежа на граѓански организации и експерти за следење на Берлинскиот процес- SEE Think Net на 20 и 21 мај, во Белград, Србија одржа работилница и стратешко планирање во рамки на проектот „Кон одржлива регионална соработка: Берлински процес и пошироко“, поддржан од Европскиот фонд за Балканот.

За време на работилницата која се одржа на 20 мај (понеделник), членовите на мрежата го дискутираа краткиот документ за јавни политики „Иднината на Берлинскиот Процес“, кој претставува заеднички труд на сите членки на мрежата.

На вториот ден од средбата 21 мај (вторник), се одржа стратешкото планирање на кое членките на мрежата дискутираа за нејзиниот иден развој.

Мрежата SEE Think Net е формирана во март 2018 од организации од шесте земји од Западен Балкан дополнети со Словенија и Хрватска со поддршка од Европскиот фонд за Балканот.

Координатор на Мрежата е Институтот за демократија од Македонија, а нејзини членки се и Мрежата за европско движење од Србија, Фондацијата отворено општетство од Албанија, EU Policy Hub, Мрежата Политикон од Црна Гора, Центарот за безбедносни студии од Косово, Институтот за развој и меѓународни односи од Хрватска, Центарот за европска перспектива од Словенија и Аднан Ќеримагиќ од Босна и Херцеговина.

Целта на SEE Think Net Network е да придонесува со анализи и предлози за политики кон темите кои произлегуваат од Берлинскиот процес со што ќе придонесе кон информираната јавна дебата и носење на одлуки засновани на истражувања. Тоа вклучува и следење на целиот процес одблизу и политиките на државите кои ги допираат темите од Берлинскиот процес.

Поврзани објави