logo

Отворен повик за правен експерт

Share on facebook
Share on twitter

Отворениот повик за правен експерт е во рамки на проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела“ (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство, а имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот од 01 април 2019 до 31 март 2020 година.

Делокругот на работа за оваа позиција предвидува:

Вкупен број денови на експертски ангажман: максимум 10.

-Анализа на правната рамка и изработка на препораки за измени на Законот за јавни претпријатија во делот на процесот на назначување и следење на работата на управувачките структури;

-Анализа на тековните под-законски акти поврзани со процесот на назначување и следење на работата на управувачките структури и развој на соодветни препораки;

-Учество на средби и состаноци со засегнати страни во претходна координација со проектниот тим;

-Подготовка на предлог-амандмани за измени и дополнување на актуелните закони од интерес.

Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за правен експерт, не подоцна од 30 мај (четврток) (23:59ч.) 2019г.

Преземете и прочитајте го целосниот повик на следниот линк:

Отворен повик за правен експерт

Одлука за избор на правен експерт

Поврзани објави