Отворениот повик за собирач на податоци е во рамки на проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела“ (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство, а имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот од 01 април 2019 до 31 март 2020 година.

Работните обврски ќе бидат:

  • Поднесување барања за информации од јавен карактер до јавни претпријатија, независни државни тела и други субјекти во интерес на проектот и соодветно да комуницира по истите;
  • Поднесување барања за прибирање податоци од Централен Регистар;
  • Собирање примарни и секундарни податоци за потребите на проектот (вклучувајќи работа на терен);
  • Внесување податоците во однапред определен формат изработен од проектниот тим;
  • Работа од 4 часа дневно, односно 20 часа недело за активностите поврзана со проектот, во работно време во целиот период на ангажман;
  • Физички присуствува во канцелариите на ИДСЦС во работно време по претходно утврдена динамика во координација со Проектниот менаџер;
  • Ги почитува зададените рокови од Проектниот менаџер и истражувачите;
  • Води евиденција за работните ангажмани и истата ја доставува до Проектниот менаџер;
  • Ги извршува задачите, комуницира, и соодветно соработува со проектниот тим по хоризонтална и вертикална основа утврдено според проектот и внатрешните акти на ИДСЦС.

Работниот ангажман ќе се спроведува во ограничен период, почнувајќи од 15 мај 2019 до 29 февруари 2020г. За својот ангажман собирачот на податоци ќе добива вкупен месечен надомест од 250 фунти во денарска противвредност.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат на македонски јазик на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за собирач на податоци најдоцна до 05 мај (недела – 23:59ч.) 2019г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само предселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Целосниот повик со сите информации и потребни знаења и вештини е достапен на следниот линк:

Отворен повик за собирач на податоци

Одлука за избор на собирач на податоци