Во извештајот „Претседателски избори 2019“ се презентирани и анализирани ставовите на граѓаните во Македонија во однос на претстојните претседателски избори, добиени преку испитувањето на јавното мислење во периодот од 13 до 19 март 2019 година, а кое за Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институт за демократија “Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) го направи агенцијата М-проспект. Анкетата е спроведена телефонски, на примерок од 1.001 испитаници постари од 18 години.

На прашањето дали ќе излезете да гласате на претседателските избори кои ќе се одржат на 21 април (првиот круг на гласањето), мнозинство од испитаниците (67,3%) одговориле позитивно. Речиси една четвртина (24,1%) рекле дека нема да излезат, додека 8,6% сѐ уште немаат одлучено или не одговориле.

Според одговорите на испитаниците на прашањето за кого ќе гласаат на претстојните претседателски избори, Стево Пендаровски е во благо водство (25%) пред Гордана Силјановска (22,4%), што е во границите на статистичката грешка, па може да се каже дека се работи за изедначена трка и еднаква можност за победа на изборите. За кандидатот Блерим Река, одговориле дека ќе гласаат 10,9% од испитаниците.

Целосната анкета може да ја прочитате на следниот линк. Анкета: Претседателски избори 2019