logo

Студија за раководењето со јавните претпријатија: Кој тоа таму управува?

Share on facebook
Share on twitter


Управувањето во јавните претпријатија и независните државни тела е тесно поврзано со општата состојба на добро управување во земјата. Нивната бројност, распространетост и располагање со јавни ресурси го наметнува прашањето за тоа кој управува со овие субјекти, како тие се избираат и како може да се обезбеди дека тие ќе бидат управувани од квалификувани луѓе, во согласност со потребите на институцијата. Моменталната законска рамка поврзана со назначувањето на управувачките структури на јавните претпријатија и државните независни тела недоволно ги утврдува критериумите за избор. Генералниот заклучок е дека критериумите не се доволно прецизни и дека при изборот недостасува фер, транспарента и постапка според заслуги.

Дополнително на критериумите за назначување, постојат и недостатоци и недоречености во делот на критериумите за разрешување според перформанс на назначените лица. Бројноста и надоместоците на членовите на управувачките структури заедно со непрецизираните критериуми во законската регулатива ги прави овие институции ризични точки за партизација и клиенетелизам што влијае врз квалитетот на нивното управување. Така, истите се честа мета на јавноста во однос на практиките при назначување на луѓето во управувачките структури, располагањето со јавните ресурси и нивното работење.

Целосната анализа е достапна на следниот линк:

Студија: Кој тоа таму управува?

Поврзани објави