Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), во рамки на својата Практикантска програма, распишува оглас за практикант со целосно работно време за период од 3 (три) месеци со можност за продолжување до 6 (шест) месеци. Практикантот ќе бидат вклучен во работењето на Центарот за европски интеграции на ИДСЦС. Работните обврски на практикантот ќе бидат:

  • Анализа на македонското и европско законодавство и политики;
  • Пишување документи за јавни политики;
  • Истражување и обработка на податоци;
  • Поддршка на проектните менаџери при развивање на проектни апликации и спроведување на актуелните проекти на ИДСЦС;
  • Поддршка при организацијата на јавните настани на ИДСЦС;
  • Други работи поврзани со работата на Центарот за Европски интеграции.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат (Europass) и мотивациско писмо на Македонски јазик на адресата: contact@idscs.org.mk со назнака Апликација за практикантска програма бр.0401-036/19 најдоцна до 26ти февруари (вторник) (23:59ч) 2019г.

Целосниот повик за практикант е достапен на следниот линк:

Повик за практикант во рамки на Центарот за европски интеграции на ИДСЦС