Почитуван претседател на Собранието, почитувани предлагачи на Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, почитувани пратеници,

Ние, долупотпишаните граѓански организации, бараме веднаш да го повлечете од дневен ред Предлогот на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, доставен од пратениците Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска, Весел Мемеди и Реџеп Мемеди.

Инсистираме на повлекување на предлогот, поради промената во членовите на Кривичниот законик, со кои ќе им се овозможи во предметите кои ги води СЈО да се изречат помали казни или делата да застарат и со тоа да не се одговара за криминалот.

Неприфатливо е да се менува Кривичниот законик и кој било друг закон за да се избегне правдата и да се продолжи со заробување на државата од политичките партии. На овој начин се амнестираат криминалот и корупцијата, и продолжува неказнивоста.

– Фондација Отворено општество – Македонија
– Фондација за интернет и општество Метаморфозис (Metamorphosis Foundation)
– НВО Инфоцентар
– Центар за европски стратегии Евротинк (Eurothink – Centre for European Strategies)
– Forum-CSRD / Форум-ЦСИД
– Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials)
– Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (Institute for Democracy ‘Societas Civilis’ Skopje)
– Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија (Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia)
– Македонско здружение на млади правници (Macedonian Young Lawyers Association)
– Агора Центар за промовирање на граѓански вредности Скопје (AGORA)
– ЦИВИЛ – Центар за слобода се приклучува на иницијативата (Civil MK)
– Коалиција Маргини
– Центар за современи уметности (Contemporary Art Center Gallery – Qendra dhe Galeria për Art Bashkëkohor)
– Институт за европска политика (ЕПИ)/European Policy Institute – EPI
– Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR