Отворениот Повик за услуги – изработка на веб апликација е во рамки на проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот 15 јуни 2018 – 31 март 2019г.

Делокруг на работа

За потребите на проектот ќе бидaт развиени две бази на податоци со информации за претпријатијата, како и со назначени функционери во управата и одборите во претпријатијата кои се во сопственост и управувани од државта и независните државни органи (10 регулаторни тела и 44 независни државни органи (12 независни државни органи и 32 државни административни и организациски тела), која ќе обезбеди информации за професионалните квалификации и компетенции на овие службениците во споредба со националните квалификации и критериумите за кои се залагаат ОЕЦД и ЕУ.
Исто така ќе овозможи споредба и јасна слика до кој степен анализираните државни субјекти ги следат универзално утврдените принципи кога станува збор за практиките на селекција и управување.

Базите на податоци ќе бидат претставени како интерактивна веб-апликација достапна за јавноста, која ќе овозможи споредба и јасна слика до кој степен анализираните државни субјекти ги следат универзално утврдените принципи кога станува збор за практиките на селекција и управување.

Базите на податоци треба да овозможат визуализација на податоците преку визуализирање на статистичките показатели (фреквенции, аритметички средини, мода, медијана, вкрстување на не повеќе од две варијабли и можност за филтрирање според категорија и вредности). Понудата треба да содржи скица за изгледот на ваквото решение.

Повикот е отворен до 23 декември.

Целосниот повик со сите услови е достапен на следниот линк:

Повик за изработка на веб-апликација