Понудувач за изработка на анимирано видео во рамки на проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство, имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот 15 јуни 2018 – 31 март 2019г.

Опис на проектот

Видеото кое ќе треба да се изработи со овој повик е во рамки на кампања која ќе има цел да ги доближи резултатите од проектот проектот  „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” до граѓаните и да придонесе кон подигање на свеста за доброто управување на претпријатијата во државна сопсвеност и независните државни тела. Избраниот понудувач ќе треба да изработи анимирано видео во должина од 180 до 210 секунди преку кое ќе се претстави наодите од спроведените анализи и собраните податоци во перидот на имплементација на проектните активности. Видеото ќе биде потребно да содржи креативни илустрации и анимации кои на поедноставен и визуелно привлечен начин ќе ги презентираат наодите од проектот. Видеото треба да биде прилагодливо за споделување на социјални медиуми и тв, и изработено во адекватни формати.

Ангажманот ќе вклучува тесна соработка со проектниот тим и комуникацискиот офицер на проектот кој ќе ги селектира подготвените наоди, препораки и информации. Задача на понудувачот е да развие начин за креативно претставување на наодите преку анимациите во видеото.

Повикот е отворен до 20 декември.

Преземете го целосниот повик со сите услови на следниот линк:

Повик за изработка на анимирано видео